Дома Фудбал Eден гол му беше доволен за два рекорди: Халанд ги остави зад себе Ван Нистерлој и Мбапе

Eден гол му беше доволен за два рекорди: Халанд ги остави зад себе Ван Нистерлој и Мбапе

Maнчестер Сити со пресврт дојде до победата против Лајпциг од 3:2, „граѓаните“ по првиот дел имаа негатива од 0:2, но во вториот дел постигнаа три гола за победа.

Во листата на стрелци покрај Алварез и Фоден се запиша и Ерлинг Халанд, а тој негов гол беше доволен да испише нова историја во најелитното европско натпреварување.

Халанд со овој гол стана играчот кој најбрзо стигнал до 40 погодоци во Лигата на шампионите. На Норвежанецот му беа потребни само 35 натпревари и зад себе го остави легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Руд Ван Нистерлој.

Исто така Халанд стана и најмладиот фудбалер кој постигнал 40 гола во Лигата на шампионтие, тука претходниот рекорд го држеше Килијан Мбапе.

Не треба да се заборави и дека Халанд претходно стана фудбалерот кој најбрзо постигна 50 гола во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…