Утре во Лигата на шампионите не очекува натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Дерби на третото коло во Лигата на шампионите секако ќе биде натпреварот во кој Манчестер Јунајтед ќе го пречека италијанскиот шампион, Јувентус, предводен од Кристиано Роналдо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Може да се каже дека Италијанците ќе биде благи фаворити бидејќи се лидери во групата со шест бодови, додека „црвените ѓаволи“ имаат четири. Меѓутоа клуб со таква традиција, невозможно е да се нарече аутсајдер против било која екипа на светот.
Неутралните љубители на фудбалот очекуваат атрактивен натпревар и погодоци, а навивачите секако се надеваат на победа на својот тим, но постојат и такви кои не знаат за кого да се одлучат.
Еден од нив е човекот кој настапуваше и за двата клуба – Патрис Евра.
„Одлуката од лични причини да го напуштам Манчестер Јунајтед беше најтешка во мојата кариера, но доаѓањето во Јувентус беше убедливо најлесната која ја донесов.
Засекогаш ќе бидам горд на тоа „Форца Јуве“ и „Напред Јунајтед“, порача Французинот преку својот Твитер профил.
Andare via del @ManUtd per motivi personali è stato la decisione più difficile della mia carriera. giocare e amare la @juventusfc e stata la decisione più facile e soprattutto incredibile! sarò orgoglioso per sempre mamamiaaaaa grazie per tutto forza juve fino alla fine e #GGMU! pic.twitter.com/PtfD5EPrfq
— Patrice Evra (@Evra) October 22, 2018