Дома Фудбал Останато Eуфорија во Аргентина: Славниот Рикелме стана претседател на Бока!

Eуфорија во Аргентина: Славниот Рикелме стана претседател на Бока!

Еден од најславните аргентински фудбалери на сите времиња, Хуан Роман Рикелме убедливо победи на изборите одржани во претходниот ден.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рикелмер кој досега беше потпретседател освои 64% од гласовите на вкупно 43.367 гласачи кои се појавија на „Ла Бомбониера. Противник на Рикелме му беше Андрес Ибара кој доби поддршка и од аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, но ниту тоа не му помогна.

Претходно токму Милеи предизвика многу контроверзии предложувајќи Бока да биде приватизирана, тој предлог беше месовно одбиен од навивачите. Веројатно и таа ситуација е една од причините за убедливата победа на Рикелме.

Сега пред Рикелме е тежок период на реконструкција во клубот кој играше финале на последното издание на Копа Либертатодрес, но во новата нема да учествува во елитното натпреварување во Јужна Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…