Дома Фудбал Eриксен: Ќе почнам да играм за четири-пет месеци

Eриксен: Ќе почнам да играм за четири-пет месеци

Кристијан Ериксен пред неколку дена за првпат се појави на тренингот на Интер после срцевиот удар.

Данецот е решен да продолжи да игра фудбал и во изјава за „Кориере дело Спорт“ откри и кога очекува да продолжи.

„Ќе почнам да играм фудбал за четири или пет месеци. Добро се чувствувам“, кратко изјавил Ериксен.

Ериксен ќе мора да помине низ детален надзор на данските лекари кои ќе утврдуваат дали е безбедно тој повторно да игра фудбал.

Инаку, со дефибрилаторот кој го има вградено нема можност да игра во Серија А. Единствена можност да продолжи во Италија е тој да биде отстранет, а за да биде отстранет докторите треба да проценат дека е целосно здрав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…