Дома Македонски спорт Eлмас: Пресреќен сум, бев дел од ваков спектакл и постигнав гол

Eлмас: Пресреќен сум, бев дел од ваков спектакл и постигнав гол

0

Вчерашниот дел Елиф Елмас веројатно вечно ќе го памети во својата кариера.

Елмас беше стрелец во големото турско дерби помеѓу Фенербахче и Галатасарај кое заврши без победник 1:1.

Македонскиот фудбалски бисер кој и онака е мета на голем број европски клубови со овој гол можеби и ќе предизвика некој од заинтересираните клубови да го направи првиот чекор.

Во второто полувреме на Фенербахче не му одеше, остана со играч помалку, а кон средината на вторите 45 минути остана и со играч помалку. Сепак, на сцена тогаш стапи Елмас.

После натпреварот разбирливо Елмас не можеше да ја сокрие својата радост што успеа да биде стрелец во големото турско дерби.

„Што да кажам, пресреќен сум. Среќен сум што имав прилика да бидам дел од овој спектакл кој носи огромна возбуда. За мене ова беше прво дерби, не можам да опишам колку сум среќен што бев и стрелец. Среќен сум и за серијата која се надевам ќе продолжи“, изјави Елмас после дербито.

Македонскиот репрезентативец неодамна ги постигна првите голови во дресот на репрезентацијата на Македонија, а сега силно блесна кога на Фенер му беше најпотребен.

Овој блесок на Елмас сигурно нема да остане незабележан од европските гиганти кои го следат подолго време. Останува да видиме каде овој македонски фудбалер од кого многу се очекува ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Поради немирите во Каталонија, „Ел Класико“ ќе се игра на „Сантиаго Бернабеу“!?

Напнатата политичка ситуација во Каталонија е причина за шпанската фудбалска федерација да…