Македонскиот фудбалер Елиф Елмас би можел да се врати во Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.
Елмас по доаѓањето во Лајпциг скоро и да не добива минутажа, па се појавија шпекулации дека може да замине. Тренерот Марко Розе скоро и да не му дава прилика за игра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека постои опција Конте да се врати во Наполи. Елмас во италијанското калчо одигра 160 натпревари и имаше сосема солидни перформанси, но и во последната сезона не доби голема прилика за игра.
Во овој момент ова се само во рамките на шпекулации, па ќе видиме што ќе се случува во јануари.