Дома Фудбал Останато Eкс-холандскиот репрезентативец сепак ќе оди во затвор: Полицијата го уапсила во Дубаи

Eкс-холандскиот репрезентативец сепак ќе оди во затвор: Полицијата го уапсила во Дубаи

Дел од руските медиуми објавија дека холандскиот фудбалер кој е осуден на затворска казна, Квинси Промес е уапсен во Дубаи.

Промес наводно бил уапсен откако се враќал од подготовките со остатокот од тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред неколку дена во Холандија беше потврдена затворската казна за Промес од шест години поради учество во шверц на голема количина на кокаин. Исто така Промес беше и осуден на 1.5 година затворска казна поради напад на член на семејството на фамилијарен собир.

Засега не е познато дали Промес од Дубаи ќе биде екстрадиран или вратен во Русија. Бидејќи не постои договор за екстрадација помеѓу Русија и Холандија тој досега престојуваше во Москва.

Доколку се случи да биде вратен во Холандија веднаш ќе започне со служење на затворската казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…