Дома Останати Кошарка Eвропски гигнати во битка за потписот на Нено!

Eвропски гигнати во битка за потписот на Нено!

Maкедонскиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ зад себе има фантастична сезона во дресот на Уникс Казан и според последните информации неколку понуди веќе пристигнале на адреса на нашиот репрезентативец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Димитриејевиќ интерес покажале повеќе европски гиганти кои се борат за највисока пласман во Евролигата. Наводно, за услугите на Димитријевиќ се распрашувале Баерн Минхен, Басконија, Фенербахче, Партизан и Зенит.

Нено е еден од најважните играчи на Уникс кој сигурно ќе се сака да го задржи во своите редови. Токму Македонец беше најзаслужниот што Уникс ја освои титулата во ВТБ лигата, во финалната серија го доби и МВП признанието.

Во редовите на Уникс, Димитријевиќ пристигна како позајмен играч од Валенсија и тој негов потег се покажа како одличен затоа што забележа голем напредок и на овој тим му ја донесе првата титула во историјата.

На 33 натпревари Димитријевиќ во просек постигнуваше по 8.4 поени и 3.9 асистенции по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Прeкинат е постот кој траеше повеќе од пет децении: Њујорк Никс е НБА шампион!

Kошаркарите на Њујорк Никс го освоија НБА трофејот за првпат по 53 години, победувајќи ги …