Дома Фудбал Две одлични вести за Ливерпул пред Жирона и пеколниот распоред

Две одлични вести за Ливерпул пред Жирона и пеколниот распоред

Арсенал и Манчестер сити направија кикс викендов, но тука не завршуваат добрите вести за “Редсите”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според англиските медиуми, Алисон Бекер и Диого Жота започнале редовно да тренираат со остатокот од тимот и извесно е дека ќе бидат во комбинација за гостувањето кај Жирона во Лигата на шампионите.

Што е уште поважно, се враќаат пред традиционално напорниот и пеколен период до крајот на 2024 година..

Ова е особено важно бидејќи некои важни играчи, како Конате и Конор Бредли, се надвор од игра и нема да играат до крајот на 2024 година.

Ливерпул гостува кај Жирона во вторник, потоа го пречекува Фулам, гостува кај Саутемптон во Лига купот, а потоа следуваат Тотенхем, Лестер и Вест Хем, сѐ до крајот на декември.

Значи, Алисон се враќа, а Жота ја засилува конкуренцијата во нападот, така што Ливерпул ќе биде уште посилен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…