
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е на раскрсница во кариерата – сè повеќе е извесно дека на лето ќе го напушти Јувентус, откако го одби новиот договор на торинскиот клуб.
Според најновите информации од италијанските медиуми, Јуве му понуди на Влаховиќ нов договор со намалени примања од 8–9 милиони евра годишно, што напаѓачот го одби. Да се потсетиме, моментално заработува 12 милиони евра годишно, а ваквиот потег на раководството на “старата дама” јасно укажува дека сакаат да го растеретат буџетот и да отворат врата за продажба.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Ако се појави клуб подготвен да плати меѓу 40 и 50 милиони евра, Јувентус е подготвен да му се заблагодари на Влаховиќ за соработката. Клубот веќе почна да разгледува потенцијални замени – Расмус Хојлунд моментално е едно од најчесто споменуваните имиња.
Англиските медиуми повеќепати го поврзуваа со клубови од Премиер лигата – пред сите со Арсенал и Астон Вила.