Дома Фудбал Влаховиќ може да замине: Јувентус ја одредил цената!

Влаховиќ може да замине: Јувентус ја одредил цената!

Душан Влаховиќ го загуби местото во Јувентус. Рандал Коло Муани игра фантастично од неговото доаѓање во клубот и Старата дама ќе направи сè за да го задржи. Планот е покрај него да го донесе и Виктор Осимен, а Србинот ќе биде ставен на трансфер листата и веќе е поставена цената за неговите услуги.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Душан Влаховиќ следната сезона нема да носи дрес на Јувентус. Раководството на Старата дама веќе донесе одлука за продажба на српскиот напаѓач и поставена е цената за неговите услуги.

Јуве сака 50 милиони евра, но веројатно ќе се согласи и на нешто помалку пари со оглед на фактот дека на 25-годишниот му истекува договорот на крајот од следната сезона.

Парите добиени од неговата продажба ќе бидат насочени кон купувањето на Рандал Коло Муани. Тој исто така би требало да ги чини околу 50 милиони евра.

“Јувентус планира да го продаде Душан Влаховиќ ова лето. Бианконерите сакаат најмалку 50 милиони евра за Србинот за да имаат некаков профит”, соопшти Џовани Албанезе.

Влаховиќ така по три ипол години ќе ги напушти Бјанконерите. Платен е 84 милиони евра, но според мислењето на многумина, не го оправда.

Вкупно Србинот во дресот на Бјанконерите одигра 129 натпревари со учинок од 54 гола и 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова контроверза на Мундијалот: Многу навивачи тврдат дека Меси требаше да биде исклучен пред хет-трикот (Видео)

Лионел Меси одигра уште еден натпревар за историја, постигнувајќи хет-трик против Алжир и …