
На куќата на некогашниот фудбалер на Ливерпул Јоси Бенајон беше фрлена бомба во недела навечер, јавуваат израелските медиуми.
Сега 44-годишниот Бенајон бил во својот дом со семејството во Рамат Хашарон, кое се наоѓа северно од Тел Авив, кога го потресе фаталната експлозија.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Инцидентот се случил во недела околу 23:00 часот, кога напаѓач на мотор застанал пред неговиот дом и фрлил експлозивна направа на вратата по што побегнал од местото на настанот.
Бенајон ја слушнал експлозијата и бил видно потресен, но претпоставувал дека се работи за експлозија на плинска боца.
Во експлозијата никој не бил повреден, но бомбата предизвикала пожар кој пожарникарските екипи го изгаснале со брза интервенција.
Пожарот предизвикал материјална штета.
Полицијата го истражува споменатиот инцидент, се смета дека се работи за криминален напад, а не за тероризам.
“Полицијата од станицата Гиллот пристигна на местото на настанот и започна увид. Поради експлозијата беше направена материјална штета. Не беа забележани жртви”, рече портпаролот на полицијата.
Потресениот Бенајон сугерирал дека бомбата била наменета за некој друг, а не дека го целела директно него.
“Ова е дефинитивно грешка – сметам дека бомбата не била наменета за мојата куќа”, кажа поранешниот капитен на Израел и додаде:
“Прво помислив дека е експлозија на плинска боца, па повикавме пожарникари. Дури кога полицијата пристигна во куќата и ги најде остатоците од бомбата, сфативме што се случи.”
Да потсетиме, Бенајон играл 102 пати за својата репрезентација и е рекордер на израелската национална селекција за која постигнал 24 гола.
Кариерата ја започнал во Хапоел Беер Шева и играл уште за Ајакс, Макаби Хаифа, Расинг, Вест Хем, Ливерпул, Челзи, Арсенал, Вест Хем, КПР, Макаби Тел Авив, Беитар Јерусалим и Макаби Петах Тиква.
Бил израелски фудбалер на годината во 2001 година, а со Челзи ја освоил Европската лига во сезоната 2012/2013.
Фото: Liverpool FC