Дома Останати Кошарка Дончиќ: Никој не можеше да промаши – беше забавно, но и напорно!

Дончиќ: Никој не можеше да промаши – беше забавно, но и напорно!

Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ истакна дека натпреварот против Голден Стејт бил забавен, но и физички напорен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Далас како гости во Сан Франциско го победија Голден Стејт со 143:133.

Екипата на Дончиќ така го забележаа 17. триумф оваа сезона во НБА лигата, а средбата во Сан Франциско беше историска бидејќи на овој натпревар беа постигнати најмногу тројки во историјата на НБА, вкупно 48.

„Ниту еден тим не можеше да промаши. Беше забавен натпревар со многу шутеви, но многу физички напорен“, рече Дончиќ по натпреварот.

Далас до победата го предводеше словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ со 45 поени (10/12 за два, 6/11 за три, 7/9 слободни фрлања), 13 асистенции и 11 скокови, со три украдени топки и две блокади.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркарите дознаа против кого ќе играат во борбата за место на Европското првенство (Фото)

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна ривалите во втората рунда од претквалифик…