Дома Останати Кошарка Дончиќ за Божиќ им купи неверојатни подароци на соиграчите и тренерите (Видео)

Дончиќ за Божиќ им купи неверојатни подароци на соиграчите и тренерите (Видео)

Далас маверикс загубија натпревар против Минесота Тимбервулвс, но и Лука Дончиќ поради повредата што ја претрпе во него. Повредата на мускул на левата нога ќе го спречи словенечкиот кошаркар да игра некое време, а уште е неизвесно колку точно ќе паузира. Првите прогнози се од еден до шест недели. Сепак, и покрај сето ова, во салата на Далас вчера имаше и убави моменти.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што направи и минатата година, Дончиќ и овојпат за Божиќ ги почести соиграчите. Лани на сите соиграчи, тренери и вработени во клубот им купи скап електрични велосипеди, а оваа година подароците на два тркала ги замени со оние на четири. Целокупниот тренерски персонал и сите соиграчи добија тркачки автомобили за картинг.

Американските медиуми не ги наведуваат износите на личните подароци на Дончиќ, но наведуваат дека нивната почетна цена на веб-страницата на компанијата од каде што се купени е 2000 долари.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама го растури шампионот и го однесе Спарс во НБА финалето: Нè очекува реприза од 1999 година

Сан Антонио славеше во мајсторката против Оклахома Сити и се избори за големото финале про…