Дома Кошарка Дончиќ постигна 37 поени, но беше најкритикуван по поразот на Далас 🎥

Дончиќ постигна 37 поени, но беше најкритикуван по поразот на Далас 🎥

Иако Лука Дончиќ постигна 37 поени против Јута неговиот Далас загуби со 115:113, а тој беше најкритикуваниот.

Во неизвесната завршница Јута прво преку Колинс поведе со 113:110, а потоа Томпсон погоди тројка за израмнување. Во следниот напад на Јута реализираше Џордан Кларксон кој ја искористи лошата одбрана на Дончиќ за што словенечкиот кошаркар и беше критикуван по натпреварот.

Токму таквата слаба одбрана на словенечкиот кошаркар е причина да добива критики од навивачите на Мавс.

Дончиќ со постигнатите 37 поени беше најефикасен на натпреварот, додека зад него следуваше Колинс со 28.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама оди бос и на тренинг: Необичната навика има своја причина

Центарот на Сан Антонио објасни зошто ја избегнува класичната обувка кога може и со каква …