Дома Кошарка Дончиќ: Никој не можеше да промаши – беше забавно, но и напорно!

Дончиќ: Никој не можеше да промаши – беше забавно, но и напорно!

Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ истакна дека натпреварот против Голден Стејт бил забавен, но и физички напорен.

Далас како гости во Сан Франциско го победија Голден Стејт со 143:133.

Екипата на Дончиќ така го забележаа 17. триумф оваа сезона во НБА лигата, а средбата во Сан Франциско беше историска бидејќи на овој натпревар беа постигнати најмногу тројки во историјата на НБА, вкупно 48.

„Ниту еден тим не можеше да промаши. Беше забавен натпревар со многу шутеви, но многу физички напорен“, рече Дончиќ по натпреварот.

Далас до победата го предводеше словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ со 45 поени (10/12 за два, 6/11 за три, 7/9 слободни фрлања), 13 асистенции и 11 скокови, со три украдени топки и две блокади.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Милер не можеше да го погоди кошот, а потоа се посрамоти со обид за тројка (ВИДЕО)

Брендон Милер заврши со само еден погодок од 14 обиди во поразот на Шарлот од Бруклин, а е…