
Следното лето му истекува договорот на Џанлуиџи Донарума, а ПСЖ не сака да ја повтори грешката што ја направија со Килијан Мбапе.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Да потсетиме, актуелниот напаѓач на Реал Мадрид го напушти парискиот клуб без обештетување, а истото сценарио може да се случи и со Донарума. Поради тоа, сериозно се размислува за негова продажба.
Каде италијанскиот чувар на мрежата би можел да ја продолжи кариерата? Бидејќи одби да потпише нов договор, во предвид доаѓаат само финансиски моќни клубови, а моментално еден особено се издвојува.
Станува збор за Галатасарај, турскиот великан и актуелен шампион на државата, кој активно бара врвен голман. Откако пропаднаа обидите за доведување на Мајк Мањан, Јан Зомер и Едерсон, сега го впериле погледот кон Донарума.
Од друга страна, италијанските клубови како Интер и Јувентус тешко дека можат да си ја дозволат неговата висока плата. Имено, Донарума во ПСЖ моментално заработува дури 12 милиони евра годишно.
Галатасарај, сепак, е многу амбициозен, но интерес покажаа и некои англиски клубови, меѓу кои особено се издвојува Манчестер Јунајтед.