Дома Останати Кошарка Доминација на Јокиќ во српското дерби – запиша трипл-дабл за три четвртини (Видео)

Доминација на Јокиќ во српското дерби – запиша трипл-дабл за три четвртини (Видео)

Нова победа за Денвер, петта во последните шест меча, со што изгледа дека ја зголемуваат формата и наскоро треба да се очекува да бидат на врвот на Западот.

Најважно е тоа што останатите играчи започнаа да играат подобро отколку на почетокот на сезоната, повеќе не е потребно Јокиќ да игра на највисоко ниво и да троши максимум енергија на секој натпревар.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Овој пат настрада екипата на Мајами со 133:113, а Јокиќ повторно имаше трипл-дабл. На крајот заврши со 24 поени, 12 скокови и 10 асистенции. Џамал Мареј ја продолжи добрата серија, вечерва постигна 30 поени, додаде 7 скокови и 8 асистенции.

Инаку, Јокиќ уште пред последната четвртина имаше трипл-дабл.

Од другата страна, Тајлер Хиро постигна 22 поени, се врати и Џими Батлер кој запиша 18 поени, а фантастичен беше Никола Јовиќ со 16 поени, 4 скокови и 4 асистенции.

Денвер сега има резултат 25-16 и е четврти тим на Западот, додека Мајами е деветти на Истокот и има изедначен учинок, 20-20.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нови неочекувани детали за трејдот на Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс

Трејдот на Лука Дончиќ од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс ги шокираше сите и веќе со…