Никола Јокиќ продолжува со доминацијата во НБА лигата, на паркетот помина само 29 минути и една асистенција го делеше од тоа да запише нов трипл-дабл – 26 поени (10/11 за два, 1/2 за три, 3/3 од пеналите), 11 скокови, 9 асистенции во победата на Денвер против Феникс (122:105).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Немаше премногу потреба Никола да се заморува, бидејќи Нагетси доминираа од првата до последната минута. Веќе на средината на втората четвртина стигнаа до двоцифрена предност (57:46) која ја зголемуваа до крајот на натпреварот. Поради повреда не беа присутни Мајкл Портер Јуниор и Расел Вестбрук, па Џулијан Стротер беше во почетната петорка и го искористи тоа (18, 6 ск). Единствено попродуктивен од Јокиќ беше Џамал Мареј (30, 6/9 за три, 6 асистенции).
Во тимот на Феникс поради повреди не играа Кевин Дурант и Бредли Бил, а сè уште се чека дебито на Василије Мициќ. Српскиот плејмејкер пред неколку дена премина во Феникс и чека да го одигра својот прв натпревар, заедно со Коди Мартин. Најдобар во поразениот тим беше Девин Букер (24, 7 ск).