
Лука Модриќ ги игра своите последни натпревари во дресот на Реал Мадрид. Фудбалерот за врска ќе го напушти клубот по Светското клупско првенство, а неговото учество на овој турнир е посебен момент за многу навивачи. Хрватскиот фудбалер добива бројни изрази на поддршка на американските стадиони.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Defensa Central пишува дека капитенот на Реал има одличен однос со новиот тренер Чаби Алонсо. „Овие двајца ја делеле соблекувалната додека Алонсо беше играч, а сега се повторно заедно, но во сосема поинаков однос. Сепак, меѓу нив постои доверба, а Модриќ со сегашниот тренер разговарал за еден играч – Дин Хујсен”, наведува шпанскиот медиум.
„Изгледа како некој кој може да стане клупска легенда, извонредно е добар со топката, а тоа не е вообичаено за еден дефанзивец”, му рекол Модриќ на својот тренер, тврди Defensa Central.
Фотографија: Принтскрин