Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во финишот од натпреварот против Данска заработи повреда поради која стартуваа и во Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако Влаховиќ не игра баш во најдобра форма од почетокот на сезоната и промаши голем број прилики за „старата дама“, сепак тој исто така е и единствен класичен напаѓач со кој располага Мота бидејќи надвор од терените е Милик.
Сепак за среќа на „старата дама“ дополнителните тестови направени утрово покажале дека не станува збор за ништо сериозно, туку во прашање била само моментална болка.
Влаховиќ ќе биде на располагање на Мота веќе за дуелот со Лече во викендот кој следи.