Дома Фудбал Динамо Загреб ја подготвува “бомбата” за крајот на трансферниот период – само Мурињо стои на патот!

Динамо Загреб ја подготвува “бомбата” за крајот на трансферниот период – само Мурињо стои на патот!

Голем е бројот на фудбалери кои пристигнаа во Динамо од Загреб, кои по секоја цена сака да додаде уште еден репрезентативец во своите редови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се работи за Доминик Ливаковиќ, човекот кој го напушти “Максимир” во 2023 година.

Сега е многу близу до враќање, како што забележува “Вечерњи лист”.

“Ливи апсолутно сака во Динамо, а и Динамо го сака него”, наведуваат во тој весник, и додаваат дека сега е на загрепскиот тим да го најде начинот на кој би можел да го донесе, дали ќе биде тоа позајмица или откуп на договорот, останува да видиме.

На Ливаковиќ парите не му се толку важни во целата приказна, многу лесно би можел да се договори со Динамо, а единствениот проблем може да го направат Турците.

Овој голман го изгуби местото на стартер кај Мурињо, па има уште еден сериозен мотив да се врати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го потврди засилувањето од 35 милиони евра

Интер го официјализираше ангажманот на Џед Спенс (26) од Тотенхем. Англискиот репрезентати…