Дома Фудбал Динамо освои бод против Селтик, Ливерпул ја „нокаутира“ и Жирона (Видео)

Динамо освои бод против Селтик, Ливерпул ја „нокаутира“ и Жирона (Видео)

Англискиот гигант Ливерпул славеше и на гостувањето кај Жирона со 1-0 за шеста победа во Лигата на шампиони (ЛШ), додека Динамо Загреб ремизира против Селтик.

Натпреварот во Жирона го одбележаа голем број шанси во првото полувреме, но мрежите мируваа, по што единствениот гол беше дело на Мохамед Салах.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Египќанецот од пенал успеа да го матира чуварот на мрежата на домаќинот и да донесе предност од 1-0 на Ливерпул, кој успешно го зачува водството до крајот на натпреварот.

Ливерпул е прв со 18 бодови во ЛШ, додека Жирона остана на 30. позиција со само три освоено поени по шест одиграни меча.

Првото полувреме во Загреб беше „сиромашно“, односно имаше само четири шанси вкупно на двете страни, по што двете екипи беа поактивни во вториот дел, меѓутоа ниту Динамо, ниту Селтик не успеа да стигне до посакуваниот гол, па на крајот си поделија по еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Енрике: ПСЖ е подобар тим без Мбапе

Пари Сен Жермен, е подобар откако напаѓачот Килијан Мбапе го напушти тимот и прејде во Реа…