Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала ја прифати богатата понуда од Саудиска Арабија и трансферот е пред реализација, тврдат италинските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ал Кадисија на Аргентинецот му понуди 3-годишен договор според кој ќе заработи 45 милиони евра.
Дибала во договорот со Рома има откупна клаузила од 12 милиони евра, која саудискиот клуб е спремен да ја плати.
Во моментов се договараат последните детали и во наредните денови 30-годишниот Дибала официјално ќе се пресели во Саудиска Арабија.