Дома Фудбал Џексон ќе ја наполни касата, Челси „растура“ со продажби ова лето

Џексон ќе ја наполни касата, Челси „растура“ со продажби ова лето

Николас Џексон би можел во текот на викендот да стане нов член на Баерн Минхен, а ова ќе биде уште еден одличен потег за Челси ова лето.

Веќе пишувавме дека Челси има огромна заработка од продажбите на играчи, повеќе од 300.000.000 евра, бидејќи касата се наполни со – Нони Мадуеке, Ѓорѓе Петровиќ, Жоао Феликс, Дузбери-Хол, Лесли Угочукву, Армандо Броја, Ренато Веига, наскоро и Кристофер Енкунку, кој е на пат кон Милано за околу 35.000.000 евра, а следува и трансферот на Џексон во Минхен.

Тој ќе замине во Баерн на позајмица, но Челси успеа да ги убеди Баварците да платат оштета од дури 15.000.000 евра за една година, а покрај тоа, Германците ќе ги покријат и неговите целосни примања.

Сенегалецот пристигна во Челси пред две години за 37.000.000 евра, наредното лето ќе може да оди во Баерн ако Германците се одлучат да го откупат, но за таа сума уште ќе се преговара.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред 15 месеци играше во трета лига, а сега Клоп ќе го повика во Германија

Јирген Клоп, новиот селектор на германската фудбалска репрезентација, планира значајни про…