Најбизарната фудбалска приказна на сезоната доби ново поглавје.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Хуан Бернабе (56), Шпанец кој беше задолжен за работа со маскотата на клубот Лацио, орелот Олимпија, се заклучи во просториите на клупскиот тренинг-центар.
Да потсетиме, Бернабе доби отказ во римскиот клуб затоа што на социјалните мрежи објави снимки и фотографии од својот полов орган по вградувањето на протеза.
Италијанскиот прволигаш неговата одлука ја сметаше за шокантна и реагираше со раскинување на договорот со него.
Откако се дознало дека неговата операција ја извршил клубскиот лекар Габриеле Антонини, отказ му е даден и на него.
Меѓутоа, Бернабе реши да не си оди тивко и мирно.
Според италијанскиот спортски дневен весник “Кориере дело Спорт”, тој се заклучил во клубскиот тренинг-центар за фудбалери и одбил да си замине.