Дома Кошарка Денвер не може без Јокиќ, Фокс броеше до 60 🎥

Денвер не може без Јокиќ, Фокс броеше до 60 🎥

На Денвер тешко му оди без Никола Јокиќ, па не успеа да слави ниту против Њу Орлеанс кој има огромни проблеми со повреди.

На тимот на Њу Орлеанс буквално цела стартна петорка е повреда, но и во таква ситуација ги победија Нагетс со 101:94.

Брендон Играм постигна 29 поени и беше прво име во победничкито табор, додека на спротивната страна Портер Жуниор уфрли 24 поени.

Залуден беше рекордот на Диарон Фокс кој постигна 60 поени за Сакраменто во поразот од 126:130 против Минесота. Освен Фокс кој постигна 50 поени се истакна и Сабонис со 23 поени. Во редовите на победничкиот состав Ентони Едвардс се издвои со 36 поени.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Торонто – Детроит 95-99, Орландо – Филаделфија 98-86, Индијана – Мајами 111-124, Сан Антонио – ЛА Лејкерс 115-120, Њујорк – Бруклин 124-122, Кливленд – Чикаго 144-126, Атланта – Вашингтон 129-117, Оклахома – Феникс 99-83, Хјустон – ЛА Клиперс 125-104 и Голден Стејт – Мемфис 123-118.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Атаман повлече рачна за аферата во Грција: „Случајот е пред суд“

По објавата за наводно пронајдените 820.000 евра кај осомничен судија, Ергин Атаман сега о…