Дома Останати Кошарка Денвер го избрка Мелоун и најде нов тренер за Јокиќ

Денвер го избрка Мелоун и најде нов тренер за Јокиќ

По серијата од четири последователни порази во НБА-лигата, раководството на Денвер Нагетс донесе одлука за значајни промени во стручниот штаб и менаџментот на тимот. Клубот објави дека ја прекинува соработката со долгогодишниот тренер Мајкл Мелоун, како и со генералниот менаџер Келвин Бут.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во соопштението на клубот се наведува дека, до крајот на тековната сезона, улогата на главен тренер ќе ја преземе досегашниот асистент Дејвид Аделман, кој ќе има задача да го стабилизира тимот и да се обиде да го врати на победнички патеки.

Мајкл Мелоун ја презеде клупата на Денвер во сезоната 2015/16 и остави длабока трага во историјата на клубот. Под негово водство, Нагетс се пласираа во плејофот шест сезони по ред, а историскиот врв беше достигнат во 2023 година, кога тимот ја освои својата прва шампионска титула во НБА.

Фото: Grok AI
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…