Дома Фудбал Дембеле води трка со времето пред реваншот со Арсенал

Дембеле води трка со времето пред реваншот со Арсенал

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го пречекуваат Арсенал во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, а кај домашниот тим знак прашање е само околу Осман Дембеле.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот се повреди во првиот натпревар, од тогаш е надвор од теренот, но денес започна да тренира со остатокот од тимот.

Иако уште не е целосно подготвен, во таборот на Парижаните расте оптимизмот, а најважно е што повредата не е од потежок тип, посебно ако се земе предвид неговата претходна историја од Барселона кога често беше отсутен.

Поголеми се шансите Луис Енрике да не ризикува со потешка повреда и Дембеле да остане на клупата и по потреба да влезе и помогне на своите соиграчи.

Доколку Дембеле не биде подготвен да го започне натпреварот, на теренот ќе биде или Бредли Баркола или Гонзало Рамош, додека сигурни се Хвича Кварацхелия и Дезире Дуе.

ПСЖ во првиот натпревар славеше со резултат 1:0 и има голема шанса да стигне до првото финале од 2020 година, кога во борбата за трофејот подобар беше Баерн Минхен.

Натпреварот ПСЖ – Арсенал е закажан за среда во 21:00 часот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …