Дома Фудбал Дембеле се врати на тренинзите по повредата

Дембеле се врати на тренинзите по повредата

Фудбалерот на Париз Сен Жермен Осман Дембеле се врати на тренинзите, два дена пред реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал, соопшти францускиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дембеле поради повреда го напушти теренот минатиот вторник за време на победата над Арсенал во Лондон (1:0), но фотографиите објавени во понеделникот попладне на официјалните канали на клубот покажаа дека учествувал во заеднички тренинг тоа утро.

Иако клубот не даде дополнителни коментари на новинарските прашања, враќањето на Дембеле на тренинзите со тимот се толкува како позитивен знак дека може да игра во среда и да му помогне на Париз Сен Жермен да се пласира во своето второ финале на Лигата на шампионите во историјата.

Уште во петокот, од клубот порачаа дека закрепнувањето од истегнувањето на задниот дел од десната бутка „се одвива поволно“.

Францускиот репрезентативец оваа сезона е еден од клучните играчи во тимот на Луис Енрике, постигнувајќи 28 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…