
ВРЕДНИОТ играч на Арсенал, Деклан Рајс, на Инстаграм го одбележа освојувањето на титулата англиски шампиони, потсетувајќи се на својата значајна порака од пред месец дена. Тимот го обезбеди својот прв шампионски наслов по 22 години, откако Манчестер Сити извлече реми од 1:1 на гости кај Борнмут, со што се создаде неповратна разлика од четири поени пред последното коло.
Пораката на Рајс си дојде на своето
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред само месец дена изгледаше дека трката за шампионската титула е пресечена во корист на тимот на Пеп Гвардиола, по победата од 2:1 над Арсенал на Етихад, со којашто Сити ги намали разликите на само три бодови. Иако многумина тогаш веруваа дека Сити ја презеде иницијативата во битката за титулата, камерите по натпреварот го снимија Рајс како самоуверено му вели на соиграчот Мартин Одинегард: „Не е завршено“.
Сега, кога неговите зборови се докажаа како вистинити, 27-годишниот играч за врска објави селфи со соиграчите Кај Хаверц, Мајлс Луис-Скели, Еберечи Езе, Вилијам Салиба и Букајо Сака, со пораката: „Реков на сите… сега веќе е завршено“.
Прослави во тренинг-кампот и пред стадионот
Снимките од прославата од соблекувалната ги сподели на Инстаграм и Јуриен Тимбер, кој се рехабилитира од повреда за да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите. Играчите на Арсенал се собраа во тренинг-центарот London Colney за заедно да го следат натпреварот на Манчестер Сити, надевајќи се на расплет кој ќе им ја донесе титулата.
Иако клубот нема јавно соопштено детали за заедничкото гледање на натпреварот, по последниот свиреж на судијата на натпреварот на Сити се појавија снимки од славјето на играчите. Во меѓувреме, илјадници навивачи на Арсенал се собраа пред стадионот Емирејтс за да го прослават долгоочекуваниот успех, а меѓу нив беше и легендарниот напаѓач на клубот, Иан Рајт.