Дома Останати Кошарка Дебата поради Јокиќ во НБА: Дали му беше украден чист трипл-дабл?! (Видео)

Дебата поради Јокиќ во НБА: Дали му беше украден чист трипл-дабл?! (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Сан Антонио Спарс со резултат 139:136, што беше навистина голем шок, особено имајќи предвид дека за противникот не играше Виктор Вембањама.

Денвер имаше контрола на натпреварот од крајот на втората четвртина до почетокот на последната, кога Сан Антонио успеа да се врати во игра.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Најголемата предност на Нагетс изнесуваше 15 поени, но Спарс ја надоместија таа разлика и на крајот триумфираа во драматичната завршница.

Интересно е што Никола Јокиќ беше вовлечен во вистински контроверзен момент.

Имено, Српскиот кошаркар го заврши натпреварот со 21 поен, 10 асистенции и девет скока, со што за еден скок му недостигаше до нов трипл-дабл.

Проблемот настана затоа што НБА лигата не му го припиша скокот нему, туку го бележеше како тимски, создавајќи хаос и голема дебата на социјалните мрежи

Видете го скокот кој не му беше припишан на Јокиќ:

Најефикасен кај екипата на Денвер беше Џамал Мареј со 37 поени и седум асистенции, додека Камерон Џонсон додаде 28 поени.

Во редовите на Сан Антонио Спарс, најдобар беше Девин Васел со 35, а Џулијан Шампани додаде 25 поени.

Целосниот тек на натпреварот можете да го погледнете во видео-снимката подолу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ понекогаш е како од друга планета: Погледнете го потегот со кој ги остави коментаторите без зборови (Видео)

“Никола Јокиќ понекогаш делува како од друга димензија”, стоеше како опис на в…