Дома Фудбал Англија Де Геа чудотворец: Сите го слават Матиќ, а јунак е Шпанецот

Де Геа чудотворец: Сите го слават Матиќ, а јунак е Шпанецот

Манчестер Јунајтед со пресврт го совлада Кристал Палас со 3:2, а победоносниот гол беше дело на Немања Матиќ.

Кристал Палас поведе со 2-0 преку Андрос Таунсенд и Патрик Ван Анхолт, а Смолинг во 55. минута намали на 2:1.

Израмнувањето за Јунајтед го донесе Ромелу Лукаку во 76. минута, но Палас една минута покасно имаше одлична прилика повторно да дојде до водство.

Одбраната на Јунајтед практично го заборави Бентеке во шеснаесетникот, но Де Геа уште еднаш со фантастична одбрана го спречи Белгиецот да постигне погодок за нова предност.

Јунак на натпреварот на крајот беше Матиќ, кој постигна фантастичен погодок во 91. минута за 3:2, но да не беше сјајната одбрана на Де Геа прашање е дали Црвените ѓаволи ќе имаа прилика да дојдат до триумф во самиот финиш од натпреварот.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…