
Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез е отворен за трансфер во саудискиот Ал-Хилал во услови на зголемени шпекулации за потенцијалното заминување од Ливерпул, тврди изданието Foot Mercato.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мерсисајдци сè уште немаат добиено понуда за Нуњез, но саудискиот тим има воспоставено контакт со претставниците на 25-годишниот фудбалер.
Во 2022 година, Нуњез го чинеше Ливерпул импресивни 85 милиони фунти. Поранешниот играч на португалскиот Бенфика постигна 40 гола и има 26 асистенции за три сезони со дресот на англискиот тим.
Дарвин Нуњез, кој е поврзуван со Атлетико Мадрид и Наполи, веројатно ќе игра за националниот тим на Уругвај против Венецуела во нивниот последен квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 година, во вторник вечер.