Дома Фудбал Дарвин Нуњез комплетно го промени имиџот: Еве како изгледа сега – ја нема повеќе долгата коса! (Фото)

Дарвин Нуњез комплетно го промени имиџот: Еве како изгледа сега – ја нема повеќе долгата коса! (Фото)

Напаѓачот на Ливерпул и репрезентацијата на Уругвај, Дарвин Нуњез, ги изненади своите обожаватели со новиот имиџ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познат по долгата коса која стана негов заштитен знак од моментот кога дојде на Енфилд, 24-годишниот голгетер реши да ја скрати значително.

Фотографии од новата фризура се појавија на социјалните мрежи, каде предизвикаа различни коментари – од изненадување до воодушевување.

Сега Нуњез носи кратка и уредна фризура, што е многу поразлично од неговиот досегашен стил со долга коса или опашка.

Многу обожаватели коментираат дека сега изгледа “позрело” и посериозно, додека некои се шегуваат дека новата фризура можеби означува нов почеток во неговата форма пред следната сезона во Премиер лигата и натпреварите за репрезентацијата на Уругвај.

Без разлика на стилот, едно е сигурно – Дарвин Нуњез веќе не изгледа како порано, и со својот нов изглед успеа да предизвика лавина коментари меѓу навивачите на Ливерпул и љубителите на фудбалот ширум светот.

Фото: Liverpool FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aрсенал на чекор од засилување вредно 50 милиони евра од Серија А!

Според информации од “Газета”, Арсенал се наоѓа на чекор од потпишување со игр…