Дома Фудбал Дарвин Нуњез го напушта Ливерпул, но останува во Премиер лигата

Дарвин Нуњез го напушта Ливерпул, но останува во Премиер лигата

Уругвајскиот голгетер Дарвин Нуњез, кој минатиот викенд беше еден од стрелците во победата на Ливерпул во емотивниот пријателски натпревар против Престон, би можел по три години да го напушти “Енфилд” и да заигра во Њукасл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сè поамбициозниот клуб од северот на Англија веќе во своите редови има врвен голгетер, Александер Исак, но бидејќи натурализираниот Швеѓанин тешко дека ќе остане на “Сент Џејмс Парк”, јасно е дека англискиот претставник во Лигата на шампионите ќе се бори за соодветна замена.

Според пишувањето на германскиот BILD, тој токму би можел да биде Нуњез, фудбалерот на Ливерпул чиешто понуда за Исак Њукасл ја одби.

Тоа го насочи англискиот шампион кон Екитике, но Њукасл остана без посакуваниот напаѓач, и сето тоа би можел да го компензира со доаѓањето на Нуњез.

Нуњез има договор со Ливерпул до летото 2028 година, но сè почесто се шпекулира за негово заминување по значително најслабата сезона која ја одигра по неговото доаѓање на “Енфилд”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Монако ја раскина соработката со Пол Погба

Фудбалскиот клуб Монако соопшти дека по договор го раскинал договорот со поранешниот франц…