Дома Фудбал Дарко Чурлинов има нов клуб!

Дарко Чурлинов има нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е на чекор до нов трансфер во полската Екстракласа, каде што кариерата ќе ја продолжи во редовите на Погон Шчечин.

Полските медиуми објавуваат дека договорот меѓу двете страни е практично финализиран, а останува само да бидат завршени формалностите пред клубот официјално да го претстави македонскиот крилен фудбалер.

Чурлинов веќе има искуство од настапите во Полска, откако во сезоната 2024/25 го носеше дресот на Јагелонија Бјалисток, а сега е подготвен за нов предизвик во шампионатот, овојпат како член на Погон Шчечин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв европски гол за Алиоски во Лугано, Швајцарците со 3:0 на паузата

Езџан Алиоски погоди во 24. минута против Кауно Жалгирис и го запиша првиот европски погод…