Дома Фудбал Црвена Звезда со пресврт го победи Вардар во Скопје

Црвена Звезда со пресврт го победи Вардар во Скопје

Вечерва во Скопје се одигра натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда во кој резултатот беше во втор план и натпреварот помина во знакот на трагедијата во Кочани која се случи пред точно еден месец, а сите средства собрани од билетите ќе бидат донирани на семејствата на настраданите. Звезда на крајот славеше победа со 1-3.

Натпреварот започна со многу емоции и минута молк за жртвите, а на теренот се играше мирно и без многу шанси. „Комити“ во почетните минути истакнаа „благодарам“ на повеќе јазици упатено до сите земји кои помогнаа на Македонија по трагедијата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Вардар прв поведе кога дефанзивецот Михаил Маневски по една контра ја погоди мрежата на голманот Глазер, неговиот гол донесе ерупција на речиси исполнетиот стадион. Звезда не напаѓаше не премногу, меѓутоа во финишот од првиот дел успеа да направи пресврт. Прво Лука Илиќ во 41. минута израмни на 1-1 за само три минути подоцна Катаи да го совлада Гачевски за целосен пресврт.

На паузата помеѓу двете полувремиња беа поздравени легендите на двата клуба кои оставија трага во минатото. Вториот дел донесе мирна игра со уште помалку шанси, а во финишот конечните 1-3 ги постави Урош Сремчевиќ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…