Дома Останати Кошарка „Чудото од дете“ на Барселона со 210 сантиметри повторно го сруши Реал Мадрид – не му веруваат дека има 13 години!

„Чудото од дете“ на Барселона со 210 сантиметри повторно го сруши Реал Мадрид – не му веруваат дека има 13 години!

Кошаркарите на Барселона и Реал Мадрид до 16 години уште еднаш ги одмериле силите оваа сезона, а Каталонците ја однесоа победата благодарение на чудото од дете под името Мохамед Дабоне.

Тоа беше финален натпревар на турнирот У-16 во Сант Висенс де Монтал (Барселона), а Барса славеше со резултат 93:81.

Дабоне, кој потекнува од Буркина Фасо, игра во конкуренција на кошаркари до 16 години иако има само 13 години, барем според достапната документација, на која многумина не веруваат.

Дабоне е висок 210 сантиметри и веќе месеци наназад шпанските медиуми пишуваат за неговите неверојатни физички способности, а во овој натпревар против Реал постигна 20 поени, освои 12 скокови и имаше 4 блокади!

Голема помош имаше од својот соиграч Камерунецот Жоаким Бумтјеа Бумтјеа, кој има 14 години и 209 сантиметри, а тој постигна 18 поени и освои 10 скокови.

Жоаким Бумтјеа Бумтјеа беше прогласен за МВП на турнирот пред Дабоне.

Мохамед Ландуре, 15-годишен, исто така 2,10 м. Мадридскиот кадет не можеше да ја спречи внатрешната моќ на Мохамед Дабоне (има право за НБА драфт 2030) и Жоаким Бумтјеа Бумтјеа.

И Реал во својот тим имаше млад одличен кошаркар, а тоа е Мохамед Ландуре, 15-годишен висок 210 сантиметри, кој не можеше да го запре Дабоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…