Дома Моторспорт Човекот кој помина викенд со Шумахер откри каде и со кого престојува легендарниот Ф1 возач

Човекот кој помина викенд со Шумахер откри каде и со кого престојува легендарниот Ф1 возач

Кон крајот на минатата година Жан Тод откри дека поминал викенд во куќата на Михаел Шумахер, а сега седум месеци подоцна првиот човек на ФИА во јавноста откри уште малку детали за ситуацијата со легендарниот возач која и понатаму за пошироката јавност е мистерија.

Најблиските на Шумахер правар се за работата да остане само во кругот на семејство и оние луѓе кои тие ќе дозволат да знаат нешто повеќе. За состојбата на Шумахер и денес се знае многу малку иако од несреќата поминаа шест години.

Од она малку што се знае и што се откри во последно време изгледа дека работите се подобруваат, а во таква насока оди и последната изјава на Жан Тод за „Радио Монте Карло“.

Тод само го откри или ако сакате го потврди местото каде што престојува Шумахер како и дека живее со неговото семејство, повеќе не откри.

„Ситуацијата на Шумахер е максимално приватна работа. Сите се грижат многу добро за него, опкружен е со луѓето од неговото семејства во неговата куќа која се наоѓа помеѓу Женева и Лозана. Не се откажува и понатаму се бори, тоа е се што можам да ви го кажам“, изјави легендарниот шеф на Ферари кој денес е претседател на ФИА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Херта не сака уште една сезона во Ф2, но за Инди 500 нема дилема

Иднината на Колтон Херта за 2027 година останува отворена. Американецот не планира нова се…