Дома Моторспорт Човекот кој има пристап до Шумахер: Време е да го пуштиме да живее во мир…

Човекот кој има пристап до Шумахер: Време е да го пуштиме да живее во мир…

Жан Тод (72) е еден од ретките кој има пристап до Михаел Шумахер, а не е ниту член на поширокото семејство. Французинот е поранешен шеф на Шумахер во Ферари и поранешен прв човек на Меѓународната автомобилистичка федерација.

Тој редовно го посетува, Михаел кој настрада во 2013 година и од тој момент за неговата здравствена состојба се знае многу малку.
Поранешниот светски шампион во Формула 1 со месеци беше во кома, а потоа од болницата беше пренесен во неговиот дом, далеку од очите на јавноста.

Неговата сопруга не сака да открива информации за состојбата, па се појавуваат и вести кои не се вистинити. Никој освен неговите најблиски и Жан Тод не знае во каква состојба е легендарниот возач.

Последен кој јавно проговори е токму Тод за аргентинскиот „Ла Национал“, а неговите зборови не звучат ниту малку оптимистички.

„Време е да го пуштиме Михаел да живее во мир“, одговорил Тод на прашањето за состојбата на Михаел.

Потоа напомена и дека му е мило што има пристап до Михаел, како и дека здравјето на возачот е приватна работа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Херта не сака уште една сезона во Ф2, но за Инди 500 нема дилема

Иднината на Колтон Херта за 2027 година останува отворена. Американецот не планира нова се…