Дома Фудбал Чичарито казнет за сексистички коментари

Чичарито казнет за сексистички коментари

Мексиканскиот фудбалер Хавиер Ернандез Чичарито (37) е казнет за сексистички коментари на социјалната мрежа „ТикТок“.

Мексиканската фудбалска федерација (FMF) го казни најдобриот стрелец на сите времиња во националниот тим за објавување видеа што промовираат родови стереотипи.

„Пред неколку дена, на социјалната мрежа „ТикТок“, Хавиер Ернандез даде коментари што промовираат родови стереотипи, се сметаат за медиумско насилство и се спротивни на родовата еднаквост во спортот“, се вели во заедничкото соопштение на Мексиканската фудбалска федерација (FMF) и главните мексикански машки и женски лиги.

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум, исто така, ги осуди неговите коментари: „Ернандес е добар фудбалер, но кога станува збор за жените, тој сè уште има многу да научи. Жените можат да бидат што сакаат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков пресврт во Барселона: Флик го кажа своето, на Алварез нема да му биде добро

Тренерот на Барселона смета дека на неговиот тим не му е потребно засилување во нападот, ш…