Дома Фудбал Челзи го враќа своето дете за 60 милиони евра?

Челзи го враќа своето дете за 60 милиони евра?

Челзи ја изрази својата заинтересираност за играчот на Борусија, Џејми Гитенс (20), пишува британскиот Телеграф.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Талентираниот фудбалер ги совладал младинските селекции на Рединг, Челзи и Манчестер Сити, а веќе за првиот тим на Борусија одиграл 106 натпревари и постигнал 17 голови.

Според информации од британските медиуми, Челзи планира да понуди на клубот од Дортмунд импресивни 60.000.000 евра, а со важност на договорот до 30 јуни 2028 година, „милионерите“ имаат право да очекуваат солидна заработка.

Посебно ако се земе предвид дека овој даровит играч пристигна во Германија како слободен агент во летото 2022 година, а минатата сезона забележа 12 голови и пет асистенции на 48 настапи во сите натпреварувања.

Гитенс минал низ сите возрасни категории на англиската репрезентација, но сè уште не дебитирал за сениорскиот тим.

Фото: Chelsea FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го претстави новиот комплет опрема

Манчестер Јунајтед и “Адидас” го презентираа новиот домашен опремен сет за сезоната 2026/2…