Дома Фудбал Челси на Флорида договори засилување од 65 милиони евра

Челси на Флорида договори засилување од 65 милиони евра

Борусија Дортмунд и Челси ги завршија преговорите за трансферот на 20-годишниот напаѓач Џејми Гитенс во лондонскиот клуб. Преговорите се одржаа во Форт Лодердејл, Флорида, каде двете екипи се подготвуваат за четвртфиналето на Светското клупско првенство кое се одржува во САД.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На официјалната страница на Борусија се наведува дека останува уште да се договорат финалните детали на трансферот кој според медиумските извештаи е вреден помеѓу 63,8 и 65 милиони евра, сума која Борусија ја бараше за Гитенс.

“Преговорите беа предизвик, но задоволни сме што успеавме да ги задоволиме очекувањата,” изјави спортскиот директор Себастијан Кел и додаде: “Џејми е одличен играч кој ни донесе многу радост. Неговата желба беше да го направи следниот чекор во кариерата во Челси. Му посакуваме сè најдобро и многу успех.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок во Сплит: Хајдук го избрка својот капитен од припремите затоа што не сакал да трча!

Подготовките на Хајдук во словенечкиот Блед беа потресени од огромен скандал. Капитенот и …