
Српскиот фудбалски голман Ѓорѓе Петровиќ оваа сезона ја помина на позајмица во Стразбур, а сега се врати во матичниот клуб Челси.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Лондонскиот тим ќе учествува на претстојното Светско клупско првенство, а како што пренесува новинарот на „Дејли телеграф“ Мет Ло, српскиот голман побарал да не биде на списокот на играчи кои ќе играат во Америка.
Челси не е сигурен дали може да му обезбеди место во стартниот состав и поради тоа постои можност повторно да ја промени средината.
Токму поради оваа причина Петровиќ побарал да не оди во Америка, за да може во следните недели да се посвети на преговорите.
Фото: Принтскрин