Дома Фудбал Чеферин се заканува дека ќе ѝ го одземе ЕП 2032 на Италија?!

Чеферин се заканува дека ќе ѝ го одземе ЕП 2032 на Италија?!

Италија овие денови се соочува со вистинска спортска катастрофа, бидејќи фудбалската репрезентација на оваа земја по трет пат по ред нема да игра на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Критики „летаат“ од сите страни, се бараат оставки, новиот селектор како да е најмалиот проблем, а „масло на огнот“ им долеа на Италијанците претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Тој беше во Зеница и во живо го гледаше дебаклот на Италијанците против Босна и Херцеговина во финалето на баражот за пласман на СП, а при таа прилика даде интервју за „Газета дело Спорт“ во кое ги изнесе сите италијански проблеми и се закани дека ќе ѝ го одземе домаќинството на Европското првенство на оваа земја.

Да потсетиме, ЕВРО 2032 година треба да се одржи во Турција и Италија, но додека Турците имаат вишок на фантастични стадиони и ќе имаат „слатки маки“ кои да изберат за овој турнир, Италијанците во моментот имаат само два стадиона што 100% ги задоволуваат сите УЕФА и ФИФА стандарди, а тоа се оние во Торино и Удине, кои од друга страна, се премали за едно вакво натпреварување, особено оној на кој игра Удинезе.

Проблем се Рим, Милано, Наполи, Фиренца, Болоња, Џенова…

„Евро 2032 година е планирано и ќе се одржи, а се надевам дека инфраструктурата ќе биде подготвена. Во спротивно, турнирот нема да се игра во Италија“, сурово им порача на Италијанците Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Садио Мане заврши со репрезентацијата!

Откако репрезентацијата на Белгија го исфрли Сенегал, се огласи и Садио Мане. Како ПАМЕТНО…