Дома Фудбал Буфон скршен од болка, емотивно се збогуваше од Манингер

Буфон скршен од болка, емотивно се збогуваше од Манингер

Поранешниот голман на Јувентус и Арсенал, Александар Манигер, загина во сообраќајна несреќа на 48 годишна возраст. Трагедијата се случила на небезбеден железнички премин на локалната железничка линија во Салцбург, во местото Нусдорф ам Хаунсберг, според локалната полиција. Од австрискиот голман се збогува Џанлуиџи Буфон, поранешен голман на Јувентус и некогашен соиграч на Менигер.

“Драг Алекс, секој збор е излишен. Секоја солза би била само уште една за губитокот на пријател и личноста на која секогаш сум ѝ се восхитувал. Одбра да останеш независен од зависноста на светот на фудбалот, барајќи ја својата среќа во едноставни работи: здрав живот во шума, риболов, природа, семејство. Тоа беше твоето убедување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во светот кој често е крив и понизен, кој брза кон доминација, кариеризам и лесна заработувачка, секогаш ја истакнуваше твојата слобода, стоејќи исправено, со гордост на некој кој знае што сака. Имаше храброст да се повлечеш од сето тоа и да нè гледаш со таа твоја малку иронична насмевка, како да велиш: ‘Сите сте вие луди, мене никогаш нема да ме имате.’ Се надевам, уште повеќе, сигурен сум, дека од горе ќе продолжиш да ги водиш твоите прекрасни деца и младата сопруга. Почивај во мир.”

Манигер беше првиот Австриец кој некогаш заигра за Арсенал, и со „Топџиите“ освои титула во Премиер лигата и ФА Купот во сезоната 1997/98. Голманот го напушти Хајбери во 2002 година, откако падна во хиерархијата зад Дејвид Симен и Ричард Рајт.

Потоа играше за десет различни клубови, вклучувајќи ги Торино, РБ Салцбург, Удинезе и Јувентус, пред да се врати во Премиер лигата. По заминувањето од Аугсбург во 2016 година, Манигер тренираше со Ливерпул за да ја одржи конкурентната форма додека бараше нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер Мајами за нов тренер избра близок пријател на Меси!

Интер Мајами, актуелен шампион во американската професионална фудбалска лига МЛС, ангажира…