Дома Фудбал Бруно Фернандеш: Јунајтед ќе ме ослободеше, ако сакав да заминам

Бруно Фернандеш: Јунајтед ќе ме ослободеше, ако сакав да заминам

Kапитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш потврди дека клубот бил подготвен да го продаде на Ал-Хилал минатото лето, ако тој ја прифатеше понудата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот утре може да го одбележи својот 300-ти натпревар за “црвените ѓаволи”, ако е во составот за натпреварот против Брајтон.

“Имав разговори со Ал-Хилал, сите го знаат тоа. Имаше и други клубови кои се обидоа по Ал-Хилал, но мојот одговор не се промени. Од Саудиска Арабија и Европа. Имаше разговори, но единствената конкретна понуда беше од Саудиска Арабија. Менаџерот зборуваше со мене. Ми рече дека сè уште сум дел од проектот, дека сака да останам. Клубот го рече истото”, објасни Бруно Фернандеш.

“Секогаш сум велел дека ако клубот ми кажеше: Бруно, сакаме да ги земеме парите, ти си на 30 години. Не мислиме дека можеш да бидеш дел од идниот проект. Или нешто слично. Ќе барав најдобро решение за себе и моето семејство. Ќе заминев. Но тоа не беше случајот”, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…