
Бруно Фернандеш е фудбалер кој ги брои последните денови во Манчестер Јунајтед, но и во Англија, тврдат медиумите од оваа земја.
Имено, Саудијците се одлучни ова лето да се обидат да го доведат Бруно Фернандеш во нивната лига, но не се единствените кои го сакаат.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Изненадувачки, Фернандеш се најде на врвот на листата на желби на исклучително амбициозните челници на тимот Галатасарај.
Оваа сезона Бруно Фернандеш игра во одлична форма, има постигнато осум голови и додаде 18 асистенции во 30 одиграни натпревари во Премиер-лигата.
Договорот на Фернандеш со Манчестер Јунајтед истекува летото наредната година, па јасно е дека ова е последната шанса за овој клуб да го продаде.
Навивачите на Манчестер Јунајтед се надеваат дека челниците на клубот ќе го убедат да остане во тимот, но Галатасарај сега сака да ги разруши сите тие планови.
Галатасарај сака да го доведе Бруно Фернандеш, но само ако претседателот на клубот Дурсун Озбек биде повторно избран на изборите кои се наскоро.