Дома Фудбал Бруно Фернандес останува во Манчестер Јунајтед

Бруно Фернандес останува во Манчестер Јунајтед

Бруно Фернандес ја одби понудата од Саудиска Арабија и ќе остане дел од Манчестер Јунајтед барем уште една година.

Триесетгодишниот португалски репрезентативец е дел од клубот од Олд Трафорд од 2020 година и има договор до летото 2027 година.

Досега за Јунајтед одигра 290 натпревари, постигна 98 голови и забележа 86 асистенции. Со клубот двапати стигна до финалето на Лига Европа и освои титули во ФА купот и ЕФЛ купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…